Пилешко со потпечена брокула

16 Просмотры
Издатель
Доколку барате идеја за што вкусно да подготвите за Вашиот следен ручек или вечера, тогаш мора да го испробате овој рецепт – подпечена брокула со пилешко месо.

INSTAGRAM  https://bit.ly/2UjKnEO
FACEBOOK  https://bit.ly/2MP2L7A
YOUTUBE  https://bit.ly/2M8nX8X

Потребни состојки:

2 лажици путер
1 лажица маслиново масло
1 мала главица кромид, ситно исечкана
сол и мелен црн пипер по вкус
½ лажичка лук во прав
1 лажичка мешан сув зеленчук
1 лажичка суво оригано
500 г пилешки стек, сварен
150 г ориз
400 г свежа или замрзната брокула
1 кесичка пилешка крем супа
600 мл вода
120 мл млеко
3 лажици кисела павлака
250 г рендан кашкавал
3 лажици рендан пармезан

Во тава на оган загрејте го маслиновото масло и растопете го путерот. Додајте го ситно исечканиот кромид да се пржи околу 5 минути додека не омекне. Додајте го оризот и промешајте. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус, мешан сув зеленчук, лук во прав и суво оригано. Промешајте и додајте ги парчињата брокула и исечканиот пилешки стек. Врз сите состојки наросете ја пилешката крем супа. Промешајте додека сите состојки не се соединат и полејте со вода, млеко и додајте ја киселата павлака. Додајте го и ренданиот пармезан. Добро промешајте ги сите состојки додека целата смеса не се соедини и не стане густа.
Префрлете ја целата смеса во претходно премачкано тавче за печење и наросете со рендан кашкавал. Зачинете со суво оригано и буковец и ставете ја тавата во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 30-35 минути додека кашкавалот комплетно не се растопи а целата смеса не стане густа.
Кога подпечената брокула со пилешко месо ќе биде готова, оставете да се излади околу 10-15 минути и сервирајте во чинија.
Овој рецепт е одличен начин да подготвите нешто несекојдневно, здраво а сепак вкусно за целото семејство.
Не заборавајте да ставите сабскрајб на овој јутуб канал за многу повеќе видео рецепти во иднина.

Добар апетит и забавно готвење!
Категория
Супы
Комментариев нет.